Мојсоска: Во Романија премиер поднесе оставка по трагедија слична на Кочани – кај нас осомничен министер сè уште е на функција

Кога во Романија се случи трагедија слична во размерите како Кочани, премиерот си поднесе оставка. Ние имаме министер без ресор (Шабан Салиу) кој се јавува како осомничен за најголемата трагедија во поновата историја на Македонија, додека паралелно ја обавува својата владина функција и на суд оди со службено возило.

Толку за политичката и моралната одговорност кај нашите властодршци (што нема врска со кривична одговорност). Секој обид за барање одговорност од власта беше карактеризиран како лешинарење и некрофилство, додека инстититуциите и власта постапуваа само под силен притисок на јавноста.

А, како да не следи будно јавноста, кога со Македонија владеат фамилијарни династии (каде инспектор што земал мито за дискотеката на смртта е брат на претседателката на Кривичен суд)?

Под притисок на борбата на родителите од Кочани, денес во Собранието конечно ќе се стави оваа трагедија на дневен ред. И гласот на родителите кои бараат правда во еден распаднат систем конечно ќе се слушне во Собранието. Се надевам дека пратениците од власта овој пат ќе се надминат себеси и ќе обезбедат кворум на денешната седница на Постојаната анкетна комисија, затоа што тоа е најмалку што може да направиме за мајките кои поради корупција си ги загубија своите деца, напиша пратеничката на својот Фејсбук профил.

Може да ве интересира