Косово најавува производство на муниција и дронови – САД даваат поддршка

ВД премиерот на Косово, државата која се’ уште нема обезбедено статус на признаена држава – Албин Курти, потврди дека првата фабрика за муниција во Косово ќе биде изградена во Јахоч во близина на Ѓаковица и дека производството се очекува да започне до крајот на 2026 година. Оваа активност нема да запре тука.

„Оваа индустриска зона ќе служи и за други инвеститори со кои сме во контакт, а ќе се произведуваат разни воени производи – воени и цивилни беспилотни летала ’Made in Kosovo‘“рече Курти на 27 ноември. Договорот за фабриката беше потпишан на 16 декември 2024 година помеѓу косовската влада и турската државна компанија МКЕ.

На прашања од РСЕ, функционер на НАТО во Брисел не коментираше директно за најавата на Косово дека ќе започне со производство на муниција во 2026 година, ниту за специфичните стандарди што земјата мора да ги почитува. Наоружувањето на Косово и самото формирање армија одамна го имаат надминато „Бриселскиот договор“, но поради внатрешната политика во Србија, ова прашање се чини не добива соодветно внимание во етер.

Од САД традиционално ги игнорираат интересите и реакциите на Србија, тоа се чини нема да биде променето, се додека Косово е алатка на нивните имеријалистички интереси на Балканот. Пензионираниот американски полковник Реј Војчик ја смета одлуката на Косово за производство на муниција како фантастична иницијатива“, во согласност со очекувањата на НАТО дека земјите што се стремат кон членство ќе ги развиваат капацитети на одбранбената индустрија. Според него, Косово го започнува ова производство во вистинско време: за да ги зајакне своите сè уште ограничени капацитети.

Војчик, кој беше раководител на Канцеларијата за одбранбена соработка во амбасадата на САД во Приштина, го споменува и регионалниот „одбранбен договор“ меѓу Косово, Албанија и Хрватска, за кој е убеден дека ја поддржува иницијативата за производство на муниција во Косово. Потсетуваме дека овој „одбранбен договор“ по неговото објавување, во Србија беше доживеан антисрпски, и како сериозна закана по безбедноста на Србија, но и балканот во целост.

 Претседателот на Србија сето ова го гледа како трка за вооружување и нагласи дека Србија „успешно ќе се одбрани од секој потенцијален агресор“. Претседателот на Комисијата за одбрана во српскиот парламент, Милован Дрецун, тврдеше дека турската фабрика за муниција во Косово ја загрозува безбедноста и позицијата на Србите.

Балканското буре барут се поддгрева одново и одново, каде е Македонија во сето ова останува анегдота. Очигледно е дека Србија се наоѓа под се поголем притисок, особено по одбивањето да ја следи „европската“ политика кон Русија. Во меѓувреме, САД сакајќи да создадат инструменти на притисок кон оваа земја, очигледно допринесува за милитаризација на балканот и де факто креирање на нови балкански пактови, за кои, како што не’ учи историјата, никогаш никому не донеле ништо добро.