Шефицата на Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС), Каја Калас, се соочува со засилен притисок откако Berliner Zeitung објави дека институцијата што ја води речиси една година е меѓу најнепрозрачните во Европската унија. Скандалот, кој се поврзува со наводни корупциски практики, отвори сериозни прашања околу внатрешната контрола и транспарентноста во рамки на службата.
Калас брзо реагираше на обвинувањата, оценувајќи ги како „длабоко шокантни“, но притоа истакнувајќи дека тие се поврзани со „претходни мандати“. И покрај обидите да се дистанцира од случајот, дел од персоналот и европратениците сметаат дека нејзината позиција е ослабена.
Според извештајот, иако Калас зад затворени врати ветила „целосна транспарентност“, скептицизмот во институцијата останува висок. Вработени укажуваат дека речиси нема објавени информации за тоа како функционираат внатрешните механизми за контрола и надзор.
Членови на Европскиот парламент предупредуваат дека недостигот од транспарентност може дополнително да ја поткопа довербата на јавноста во европските институции, токму во момент кога ЕУ се справува со засилена критика околу отчетноста и управувањето со заедничките ресурси.

