(Видео) Апасиев до Гаши: Со месеци ја држите во фиока информацијата по претставката на родителите од Кочани

На денешната седница на Собранието, пратеникот и претседател на Левица, Димитар Апасиев, откри дека спротивно на Деловникот, веќе неколку месеци не се става на дневен ред Информацијата која ја поднел во врска со Претставката на родителите на загинатите деца од трагедијата во „Пулс”.

Во своето излагање, Апасиев праша зошто оваа информација не е проследена до пратениците и зошто јавноста не е запознаена, ниту пак истата е вратена на доработка.

Може да ве интересира