Додека јавноста се уверува во изградба нови и успешни проекти во железницата, градени од најголемото кредитно задолжување во историјата кое несомнено го втурнува народот во должничко ропство, власта не може да обезбеди ниту исплата на основните додатоци на плати за вработените во Македонски железници.
Во отсуство на слух кај властите, по два месеци барање за решавање на нивните барања и проблеми, машиновозачите вчера одлучија преку бојкот да ги бараат своите законски права. Железничкиот сообраќај во државата е во прекин, а вкупно 603 вработени имаат 15 барања, од кои клучни се исплаќањата на додатоците на плата за прекувремената работа.
Освен ова, за вработените во Македонски железници е потребно и зголемување на коефициентот за плата за 0.80, поради растот на животните согласно инфлациските шокови и новите поскапувања. Но, не смеат да бидат заборавени ниту бонусите за вонредно повикување на работа и прекувремена работа од над 150 работни часови.
Работниците не смеат да бидат паричка за поткусурување на некадарната власт да ја подобри работата на претпријатието во било кој сегмент. Во преговорите кои отпочнаа помеѓу работниците и претпријатието Левица ги повикува Министерот за транспорт Александар Николовски и генералниот директор Дејан Кошутиќ итно и неодложно да ги прифатат основните барања на работниците и обезбедат нормален и непречен тек на железничкиот сообраќај во државата, соопштија од партијата.

