(Видео) ВМРО-ДПМНЕ имало кадровска смена за да се отвори пат за промена на името, тврди Јанкуловска

Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска изјави дека во периодот кога партијата ја водел Никола Груевски немало отстапки околу прашањето за името на државата.

Според нејзиниот став и јавните тврдења на нејзиниот сопруг и адвокат Влатко Илиевски, во ВМРО‑ДПМНЕ била извршена кадровска промена, со доаѓањето на Христијан Мицкоски, за да се „отклучи“ процесот за промена на името на државата и да се избегне блокада од опозицијата.