Билјана Ванковска обвини дека во Македонија се спроведува постепено „гушење“ на слободата на мисла и говор, не со нагол пресек, туку преку континуиран и системски процес. Во својот Фејсбук статус, таа предупреди дека политичките лидери, институции и дел од невладиниот сектор, кои, според неа, делуваат под директива „однадвор“ – формираат усогласен „хор“ со идентични пораки што ја туркаат јавната сцена кон едноумие.
Ванковска особено ја критикува честата употреба на термини како „отпорност“, „малигни влијанија“ и „трети центри на моќ“, наратив кој, тврди, не служи за демократска заштита, туку за делегитимација и сузбивање на различни ставови. Таа упати забелешки и кон ММФ, САД и ЕУ како дел од глобалниот политички центар што, според нејзиниот осврт, го обликува дискурсот и односот кон „остатокот од светот“ што таа го нарекува глобално мнозинство.
Она што загрижува, потенцира таа, е дека под „штетни влијанија“ властите всушност подразбираат – „поинакви култури, влијанија и мислења“, а не реални безбедносни закани.
Нејзиниот Фајсбук статус во продолжение:
Не знам дали забележувате како секојдневно го гушат и она малку слобода на мисла и говор што остана… Убивањето на слободата не доаѓа со БУМ, туку е постепен процес.
Знаете дека не следам редовно домашни вести и дебати, но кога одвреме навреме ќе погледнам што се случува, сликата е многу појасна.
Одеднаш како да се создал хор (диригиран однадвор, се разбира). Зборовите на “песната” се исти за сите: од премиер и младиот министер за надворешни работи, до претседателката и невладините, тинк тенковите, пс дури и високообразовните институции (како оние за медиумите кои живеат од грантови). Рефренот е ОТПОРНОСТ (resilience), туѓи непријателски, штетни и малигно влијанија (foreign, harmful and malign influences), ТРЕТИ центри на моќ (third power centers). Да, најинтересен ми е феноменот на отпорност – во земја на која овие “пријателите” ѝ ја скршија кичмата низ годините. Знаат ли воопшто што им значи оваа фраза? Со што се гради отпорност? Со цензура? Со фактчекери? Со перење мозоци? Казнување и канселирање?
Под штетни влијанија подразбираат изложеност на ПОИНАКВИ ставови за сѐ што е важно! Штетно е да видиме како мислат другите. Штетни се другите културни влијанија, различноста… Тие сакаат ЕДНОУМИЕ по нивен терк – а такво, верувајте, јас не памтам дека имаше во комунизмот/социјализмот! Ова е посуптилно, посистемско, подраконско… по авторитарно !
Конечно, доаѓаме до географијата! ТРЕТИ центри на моќ! Хммм… Први се веројатно Американците, втори европјаните – а трети!? Остатокот од светот, т.е. Глибалното мнозинство!
Во целово мочуриште има луѓе кои го помагаат овој Матрикс и кои секогаш биле или поданици или профитери. Но сега гледам и луѓе кои мислев дека имаат интегритет. Или интелект (професорски)… Метастазата се шири. Наскоро очекувам и дисиденство

