Вечерва со почеток од 20 часот во Културно информативен центар – Скопје , Салон 19:19 ќе се одржи дуодрамата ,,Те чекам”
„Те чекам“ е ангажирана театарска претстава напишана и режирана од Изабела Јакимова, која на храбар и иновативен начин ја отвора темата за машката емоционална потиснатост, токсичната машкост и последиците од социјалните норми врз менталното здравје на мажите. Преку форма на применет театар и интеракција со публиката, претставата создава простор за дијалог и преиспитување на стереотипите.
Младите беа активно вклучени во сите фази од реализацијата на иницијативата „Те чекам“. Целата актерска и продукциска екипа беше составена од млади лица – актери (Гоце Андонов, Ангела Лефкова), продуцент (Сара Томевска), кореограф (Јована Зајкова), композитор (Бојан Димитровски) и дизајнер (Ане Блажовски), кои заеднички придонесоа во креирањето на финалниот производ. Во процесот беа вклучени и млади учесници преку истражувачки процес и разговори, чии ставови и искуства директно влијаеја врз содржината на текстот. Дел од нив се препознаа во сцените, а некои дури и помогнаа со идеи, сведоштва и сценски решенија.
Со својата емотивна сила, реална содржина и интерактивност, „Те чекам“ е жива иницијатива што може да се адаптира, расте и влијае на уште многу поединци и заедници.
„Те чекам“ се истакнува по својот иновативен пристап во третманот на темата за машка емоционална затвореност и ментално здравје, користејќи го театарот како средство за општествена промена, на начин кој е и уметнички моќен и општествено ангажиран.

