- Фејсбук статус на Реџеп Исмаил – Хактан
Инаку, во контекст на новото поскапување на парното во Скопје.
Сигурно се сеќавате дека на новиот градоначалник на Скопје, Орце, главен адут во борбата до загадувањето на градот му беше тоа дека ќе ја ширел мрежата на парно греењето. Настрана тоа што со оваа “мерка” Орце, како типичен слуга на индустрискиот (странски) капитал во Скопје, претпоставува дека главен причинител за загадувањето на градот е греењето на дрва, туку, каква ќе биде судбината на оваа најавена мерка на Градоначалникот со оглед на тоа што зголемувањето на цената на услугата е дестимулирачки во одлуката луѓето да се приклучат на парно мрежата? Особено што фактите од минатото ни велат дека масовните исклучувања од парно мрежата се поради високата цена на услугата.
Дали воопшто оваа мерка Градоначалникот планира да ја спроведе? Ако да, може ли да ни покаже кост-бенефит анализа за истата – на што ја темели убеденоста дека истата ќе даде било какви резултати, и во поглед на новоприклучени корисници и во поглед на подобрување на состојбата со загадениот воздух. Дали изведбата на проширувањето на мрежата ќе го прави преку приватна фирма…

