Утре започнува 17. Фестивал на музика од светот во Битола

Центарот за култура – Битола соопшти дека од 27 ноември до 1 декември 2025 година ќе се одржи 17. издание на „Фестивалот на музика од светот“, годинава под мотото „Уметноста на звукот“. Петдневниот настан и оваа есен ќе ја претвори Битола во сцена на која ќе се спојат традицијата, современите музички изрази и културите од различни делови на светот.

Организаторите најавуваат силна и разнолика програма која ги обединува етното, фјужн звукот, фламенкото, рокот, ска ритмите и виртуозните класични и модерни интерпретации.

Фестивалот останува една од најзначајните музички манифестации во Битола, а организаторите очекуваат силна посетеност и уште едно издание исполнето со универзалната енергија на светската музика.

Фестивалот започнува на 27 ноември со настап на Фонтана & Гамзе Метраци, кои ќе понудат спој од македонски етно звук и турска музичка експресија.

На 28 ноември, Тања Царовска и НУ Камерен оркестар Битола ќе приредат музичко патување низ традиционални песни од повеќе култури, во современи аранжмани.

Вечерта на 29 ноември е резервирана за Balkan Zoo & Nina Ćorić од Хрватска, со динамична „gipsy flamenco“ фузија.

На 30 ноември следува настапот на енергичниот грчки бенд Koza Mostra, познат по својот уникатен микс од ска, рок и ре-бетико.

Фестивалот завршува на 1 декември со концертот на руската пијанистичка сензација Gamazda, која ќе донесе виртуозна комбинација од класични и рок интерпретации.

Може да ве интересира