Секретарот на војската на САД, Ден Дрискол смета дека украинските сили се наоѓаат во сè потешка ситуација и оти без договор, би можеле да претрпат директен пораз од Русија. Соединетите Американски Држави наводно не можат да обезбедуваат доволно оружје со темпо што ѝ е потребно на Украина. Верзијата на мировниот план на САД што го претстави Дрискол на властите во Киев е оценета како „капитулација пред Москва“.
И во администрацијата на Доналд Трамп постои сериозно разединување околу пристапот за завршување на војната. Дел од официјалните лица бараат посилен притисок врз Киев, дел, пак, сметаат дека Русија треба да сноси последицикако агресор, пишува „Ен-Би-Си“.

