(Видео) Советникот Јанков алармира: Скопје има премалку пожарникари и нефункционални хидранти

Советникот на Левица во Град Скопје, Андреа Јанков, предупреди на сериозни пропусти во противпожарната заштита на главниот град. Тој истакна дека Скопје, со околу 600.000 жители, располага со само 280 пожарникари заедно со техничката служба, бројка која, според европските стандарди, е најмалку двапати помала од потребната.

Јанков побара итна ревизија на работните капацитети во Противпожарната бригада, како и детална проверка на состојбата на хидрантната мрежа, бидејќи дел од хидрантите не функционираат.

Тој истакна дека е неопходно лоцирање на критичните точки во градот и изготвување јасен акт за постапување, со цел да се зголеми безбедноста на граѓаните и ефикасноста на службите при интервенции.