Домашните работници без бенефит од државните кредити – странските фирми заработуваат, граѓаните остануваат со минимални плати

Кредитите кои ги зеде власта за инфраструктурни проекти би требало да имаат за цел да донесат благодет за населението на Македонија, за граѓаните да добијат вработување на проектите кои се отпочнуваат, во фирми кои ќе го ценат трудот на работникот и на операторот и на стручњакот, а не истите да работат на тешки одговорни и опасни работни позиции за минимална основна плата од 400 евра.

Проектите треба да дадат работа на нашите фирми приоритетно за да домашната економија види максимален придонес а не да се доведат цели тимови од трети земји кои приливот на средства нормално ќе го одлеваат од Македонија кон матичните земји, истото важи и со добавувачите на материјали кои се користат во дадените проекти, акцентот мора да се стави на домашното производство и на домашните фирми кои воедно мора да обезбедат работа за нашите граѓани кои се работоспособни но повторно не за минимални плати кои не соодветствуваат со пазарната економија, можеби звучи неверојатно но тоа се случува на многу сегашни проекти, каде наши граѓани се жалат дека на исти работни позиции странци се повеќе платени од нашата работна сила што е невидено и неприфатливо.

Доколку од овие пари македонските граѓани и економијата не добијат бенефит тогаш тотално е неоправдано да се задолжуваме со вакви скапи пари кои на крај нашите граѓани нашите идни генерации треба скапо да ги платат а истите патишта и пруги да бидат бенефит за трети страни.

Крајно време е да почне да се цени домашната индустрија домашните фирми и пред се граѓаните на Македонија, затоа што белата чума во најголем дел потекнува од економските состојби а подоцна од се друго.

Минималната плата мора да нарасне а трошоците за живот и инфлацијата да се контролираат максимално, очигледно оваа влада не го работи тоа затоа нашите граѓани се се посиромашни секој ден, а одливот на младите а веќе и на постари е сѐ поголем како никогаш досега

Д.Т.

Може да ве интересира