Апасиев: Гаши по третпат ја саботира расправата за Кочани во Собранието

Пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев, обвини дека претседателот на Собранието, Африм Гаши, со „процедурални финти“ по третпат ја саботирал парламентарната расправа за ситуацијата во Кочани. Во кратка објава на социјалните мрежи, Апасиев тврдеше дека Гаши делувал „под диригентска палка на ДПМНЕ“, додавајќи дека ваквите потези сериозно го нарушуваат работењето на законодавниот дом.