Митевски: Општината шест месеци ништо не направила за ДУП-овите – се бара итна седница за продолжување на суспензијата на градби

Советникот од Левица во Општина Карпош, Славко Митевски, предупреди дека општината шест месеци не презела никакви активности за измена на деталните урбанистички планови (ДУП) во деловите Карпош 1, Карпош 2 и „Владо Тасевски“, иако одлуката за суспензија на т.н. А2 градби беше донесена уште пред половина година.

Митевски потсетува дека во овој период важеше забрана за издавање градежни дозволи и дека секторот за урбанизам требаше да ги подготви новите планови. Но, според него, шесте месеци поминале без никаков напредок, а како оправдување се наведувале годишни одмори, избори и други изговори.

Тој бара претседателот на Советот на Општина Карпош веднаш да свика седница, истакнувајќи дека во спротивно ќе сноси одговорност за, како што вели, можните последици врз урбанизмот и интересите на жителите.

Може да ве интересира