На 20 ноември 2025, со почеток од 20:00 часот во Музеј на град Скопје ќе се отвори изложбата „Приказни од маргините“, на Ѓорѓе Јовановиќ.
„Приказни од маргините“ ги отвора прашањата за нееднаквоста, економската несигурност, прекарните работни услови, невидливите групи, еколошките последици од политички и економски процеси – но и за моќта на маргината како простор од кој може да се замислат алтернативни заедници и нови начини на гледање.
Ѓорѓе Јовановиќ (1980) е визуелен уметник кој преку инсталации, перформанси, видеа и цртежи го истражува современиот човек и неговата ранливост во услови на конзумеризам, политички промени и распаѓање на вредносните системи. Изложувал во Скопје, Виена, Грац, Берлин, Приштина, Њујорк, Париз, Рим и Истанбул, и е добитник на повеќе награди за современа уметност.
Изложбата е реализирана со поддршка од Министерството за култура и туризам на Р.Македонија, Еко-свест, Save the Blue Heart of Europe и PONT.

