Националната фудбалска репрезентација на Палестина вчера го одигра својот прв пријателски натпревар на европско тло, соочувајќи се со селекцијата на Баскија. Спортскиот настан привлече повеќе од 50.000 гледачи, кои со громогласни скандирања „Запрете го геноцидот“ демонстрираа силна поддршка и солидарност со палестинскиот народ.
Публиката на стадионот упати јасни пораки за осуда на израелските воени дејствија во Газа, што внесе силна политичка и емотивна димензија во натпреварот. Настанот беше оценет како историски за палестинската репрезентација, која првпат настапи пред европска публика во атмосфера исполнета со аплаузи, поддршка и транспаренти за мир.
Организаторите истакнаа дека натпреварот има за цел да испрати порака за хуманост и солидарност преку спортот, а бројните навивачи ја искористија приликата гласно да го изразат својот став за состојбите на Блискиот Исток.

