Родителите на децата-жртви во Пулс во сабота ќе маршираат за правда во Скопје

Родителите за загинатите деца во пожарот во дискотеката „Пулс“, за во сабота најавија протестен марш и побараа поддршка од граѓаните да им се придружат. „Марш на ангелите“ ќе се одржи во Скопје, а почетокот на маршот е закажан за 12:05 часот на плоштадот „Македонија“, од каде што ќе продолжи пред Собранието и пред Основниот кривичен суд Скопје.

Иницијативата „Кој е следен?“ објави видео на Инстаграм во кое родителите на загинатите деца емотивно ги повикуваат граѓаните да им се придружат на маршот и да ги поддржат во барањето правда за смртта на нивните деца.

Може да ве интересира