Концерт на квартетот „Пелагонија“ вечерва во КИЦ

Во Културно информативниот центар – Скопје, Салон 19:19 вечерва концерт ќе одржи квартетот „Пелагонија“, составен од академски музичари кои споделуваат длабока љубов кон уметноста, звукот и заедничкото музицирање.

Во рамки на проектот „Културна фузија“, ансамблот претставува програма која ја обединува класичната музика со страствените ритми на тангото.

-Со прецизна изведба, топлина и сценска хармонија, квартетот нуди концертно искуство што поврзува култури, генерации и емоции – вистинска фузија на звук и чувство. Името „Пелагонија“ не е избрано случајно – тоа ја симболизира поврзаноста со корените, со традицијата и со културното наследство на еден од најбогатите музички региони во Македонија. Токму тој дух на заедништво и идентитет квартетот го пренесува на сцената, создавајќи звучна приказна што спојува минато и современост, се наведува во најавата. 

Влезот за концертот е слободен.

Може да ве интересира