Инцидент попладнево се случил во просториите на Град Скопје, каде поранешен вработен во Градот нападнал вработена, по што нападнатата се онесвестила. На местото на настанот се наоѓаат екипи на полицијата и брза помош.
Настанот за Инфомакс го потврдија од МВР.
Напаѓачот, С.Б, инаку е поранешен вработен во Град Скопје, на кој работниот однос му е прекинат во 2024 година, а истиот редовно го придружува актуелниот градоначалник на Град Скопје за време на неговите изјави од позиција на градоначалник.
Според информациите на Инфомакс, напаѓачот вербално ја навредувал вработената и ѝ се обраќал на висок тон што предизвикало истата да се онесвести, по што била повикана итна медицинска помош.
Засега е нејасно во кое својство напаѓачот постојано е во придружба на градоначалникот Ѓорѓиевски и дали е дел од неговиот кабинет.
Извор: Инфомакс

