Поранешната градоанчалничка на Скопје, Данела Арсовска, по изјавата на актуелниот градоначалник Орце Ѓорѓиевски дека јавните претпријатија во главниот град должат повеќе од 300 милиони евра и дека 500 вработени се избркани, затоа што не доаѓале на работа, му порача дека: „Кога се лаже се држат рачињата во формација извежбана од медот“.
„Ајде градоначалник да ги објавиш сите фирми со долг по институција, со фактури и датуми од кога им се должи за да знае народ дека лажеш. Исто и со име и презиме да ги објавиш сите 500 вработени и кој од кога не одел на работа, и таму да се види дека лажеш. 3 години за корка леб сите кои одеа на работа ти ги избрка да направиш место за своите партиски војници“, пишува Арсовска на Фејсбук.
Таа го повика новиот градоначалник на дебата, на телевизија по негов избор, за да ги соочат аргументите.
„Ако сакаш како МАЖ да соочиш аргументи, ајде на дебата на ваш медиум по избор, па ќе си раскажеш таму и за долг и за вработени во Скопје и во Кисела Вода, каде што има кој да ти врати со факти наспроти твоето лажење“, вели Арсовска.

