Државата наплати еден милион денари данок од донациите на „Сапорт Кочани“

Сапорт Кочани објави графикон за начинот на кој се распределени средствата од заедничката сметка за донации за погодените после пожарот во дискотеката „Пулс“.

Извор Сапорт Кочани

Од графиконот е евидентно дека државата собрала данок на донациите од над 1 милион денари. Во рамките на заедничката сметка за донации отворена по трагедијата 137 лица потпишале изјава за потреба од помош и биле вклучени во распределбата. Секое лице добило подеднаков износ со цел праведност и транспарентност. Средствата потекнуваат од компании, здруженија, групни акции и хуманитарни акции организирани во земјата и во странство.

Може да ве интересира