Денешната седница на Советот на Општина Битола, свикана спротивно на членот 27 од Статутот на Општина Битола како параван искористена донацијата за противпожарната станица со цел легитимирање на неколку насилно изгласани одлуки кои не беа гласани на минатиот совет:
- Изјава дека претпријатијата не се во долгови (што е лага)
- Гласање на точка за која веќе има кривична пријава, за која сеуште немаме завршница, а со Одлуката за Smart4You ќе се амнестира градоначалникот кој ќе се скрие зад одлуката на советот
- Еколошки акционен план од 300 страни, полн со нејаснотии за кој советниците имаа само еден час да го разгледаат.
Како врв на уништување на демократијата беше моментот кога побарав процедурално, да образложам каде е нарушена процедурата, претседателот ми го угаси микрофонот па на мое инсистирање ми дозволи да се обратам за нарушување на процедурата.
После моето процедурално обраќање, поради нарушена процедура односно Членот 27 повикав да не се учествува во нелегитимни процеси, што истото беше препознаено од советниците на Поинаку и СДСМ. Останаа само ДПМНЕ и нивните привезоци да играат совет.

