Сојуз на Борците од НОАВМ 1941 – 1945 и граѓаните продолжувачи“ – Битола го честитаа денот на ослободувањето на Битола.
ЧЕСТИТ 4ти НОЕМВРИ – Денот на ослободувањето на Битола
На денешен ден 1944 година, по изминати повеќе од три и пол години германска и бугарска окупација, Битола осамна слободна. Утрото, единиците на 49.дивизија на НОВ и ПОМ на Македонија, во чии редови била Седмата МНОУ ( Битолска) бригада и Деветтата МНОУ, а нешто подоцна и борците на Леринско-костурската бригада влегле во слободна Битола.По капитулацијата на фашистичка Бугарија, Битола била повторно окупирана од германската нацистичка војска, која се повлекувала од Грција со цел најпрво,да се повлече на север преку Прилеп и Градско, а по тешките борби и ослободувањето на Прилеп тоа било оневозможено. Заради тоа делови на 104.германска ловечка дивизија и борбената група “Штајерер“ започнале повлекување преку комуникацијата Битола-Ресен-Охрид- Струга- Ќафасан.
На 2. Ноември германската воена управа прогласила опсадна состојба и издала наредба да се пука во се што е сомнително, без опомена. Многу објекти биле минирани, а околината на градот била запоседната од единиците на НОВ и ПОМ. На 3. Ноември Седмата и Деветтата бригада имале тешки борби кај с. Могила, каде нацистичката војска имала над 300 загинати и при тоа биле ослободени 120 заложници затворени во селската црква.Со преговарање на свештеникот Илија Тодоровски (брат на Коле Канински) со германската команда било договорено Битола да биде деминирана, односно германските воени сили да ја напуштат без борба.Така, ноќта на меѓу 3 и 4 ноември , германската војска се извлекла од градот и утрината во градот влегла македонската наодноослободителна војска. Во НОАВМ од Битола и битолско, загинаа над 260 борци, од кои 8 се прогласени за Народни Херои.
Граѓаните на Битола му приредија срдечен пречек на ослободителите на Битола.

