Моето потекло е од Србија и не е проблем моето државјанство, проблем е што го објавија мојот матичен број, што е тешко кривично дело. Од друга страна тоа го кажуваат луѓе кои имаат бизниси во Белград, бизниси во Бугарија, бугарски пасоши, истакна денеска во гостување во Тешки муабети на Инфомакс кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Амар Мециновиќ.
Никој нема помалку кредибилитет од ВМРО-ДПМНЕ да зборува за приликите во оваа држава, тие ни ги приредија овие прилики, иселија луѓе, распрскаа фамилии, никој во Македонија не смета дека се чесни. Времето се менува и промените ќе се видат во недела, вели Мециновиќ.

