Левица: За промена и подобро утре е потребен еден храбар чекор

Левица повикува на масовна поддршка и мобилизација на сите граѓани кои веруваат во чесно, праведно и слободно Скопје. По историскиот резултат на 19 октомври, кога илјадници скопјани покажаа дека не се плашат и дека сакаат поинаков град, следниот чекор е клучен, за да ја потврдиме волјата за промени и да ја ослободиме главницата од долгогодишните партиски стеги.

Ви ја пренесуваме во целост нивната објава:

„На 19 октомври ја превртевме реалноста, на 2 ноември да докажеме дека Скопје е спремно и сака промени.

Огромна благодарност до сите храбри скопјани!
Ова е приказна за вас, за нас – наспроти оние што со години ве убедуваат дека ништо не зависи од вас.
За вас, за нас – наспроти моќниците кои мислат дека градот им припаѓа ним.
За вас, за нас, за НАДЕЖТА – наспроти стравот и апатијата.

Ова е наша заедничка борба, наша приказна, за нашето Скопје.
Да покажеме дека храброста не е исклучок, туку нужно правило.
Дека Скопје не се купува, уценува и не се заплашува…
Скопје се буди, исправува и се ослободува!“