„Револуционерна народна партија – Фронт“ со честитки до Левица и поддршка за кандидатот за градоначалник на Скопје, Амар Меџиновиќ

Во чест на влегувањето на кандидатот на Левица, Амир Меџиновиќ, во вториот круг од локалните избори во Скопје, „Револуционерна народна партија – Фронт“ испрати порака со поддршка до своите „браќа и другари“ од Македонија. Во пораката, се изразува солидарност со борбата на Левица против, како што наведуваат, „надмоќниот ЕУ/НАТО непријател“ и се повикува на обединување на народите од регионот во одбрана на суверенитетот.

Во нивната порака стои:

„Честитки до браќата за успехот! Дајте ни двојно државјанство за на 2 ноември во Скопје да гласаме за кандидатот на Левица, Амир Меџиновиќ, кој влезе во вториот круг против усташкото ВМРО. Ако треба, ќе ги поведеме и нашите прекудринска браќа.
Да живеат Апасиев, Исмаил, Мојсоска и сите другари и другарки што се жестоко борат против посилниот ЕУ/НАТО непријател!
Да живее братска Македонија!“

Со оваа порака, партијата ја нагласи својата блискост со идеолошките ставови на Левица и ја истакна „братската борба против неолибералниот и империјалистичкиот притисок“ во регионот.

Може да ве интересира