(Видео) Марјан Димитриев од Левица најавува ревизија на сите тендери во општина Аеродром

750.000 евра ја чини општината плочникот позади „Капитол”, платен со унгарскиот кредит, за кој народот ќе плаќа плус и камати!

Реалната вредност на проектот е најмалку три пати пониска!

Ова не е инвестиција. Ова е мачкање очи на жителите и перење пари пред избори!

Левица ќе стави крај на ваквите тендер шеми во Аеродром!

По преземање на општината:

Ќе направиме ревизија на сите тендери.

Ќе следат кривични пријави за секој надуен и криминален договор кој излегува од рамките на пазарната цена.

Доста беше со шминкање на реалноста во Аеродром

Време е Левица да донесе правда, отчетност и народна власт, стои во објавата на Левица – Аеродром

Може да ве интересира