Откако професорот Димитар Апасиев се обрати до оние што не излегуваат на избори и не гласаат, се обрати и самата Левица како политичка партија. Ги опомена оние на кои „не им е гајле“ дека последиците од таквата индиферентност доведува до отажување од сопствената иднина.
„Велат: ‘Јас не се замарам со политика’.
Ама вистината е дека политиката се замара со тебе. Со твојата плата, со тоа дали ќе најдеш работа, дали ќе имаш чист воздух, или ќе плаќаш приватно здравство за да преживееш. Политиката е во расипаната чешма во паркот, во твојата училница, во твоето маало, твојот џеб, твоето здравје и живот.
Не ти треба партиска книшка за да ти е гајле. Ти треба само чувство дека ова место може да биде подобро. Додека нам ‘не ни е гајле’, секогаш ќе владеат оние на кои им е гајле само за себе.
Седиме на страна, чекаме нешто да се смени само од себе. Но, не се менува. Зошто?
Затоа што тие секогаш имаат клиентела.
И додека ние велиме ‘мене не ме интересира политика’, тие полнат административни функции со свои луѓе, си делат тендери, вработуваат роднини и си се гласаат меѓу себе. Кога ние молчиме – тие победуваат. Секој пат.
Промената почнува со карактер. Со став. Со избор. Со збор. Со тоа да не молчиш додека гледаш неправда, да не го продаваш моралот за 1.000 денари и сендвич.
И да, можеш да бидеш добар човек, да се грижиш за семејството, за пријателите, за себе…
ама мора да знаеш дека ако не се бориш за подобро општество, на крај ќе мораш да се бориш за гол опстанок.
Не се откажувај од иднината. Не се откажувај од себе“.
Следи го Антропол преку Google 
