Кој е Андреј Куцуловски носител на советничката листа на Левица во општина Центар?

ЛО – Левица Центар го претставува м-р Андреј Куцуловски, борец за социјална, зелена и модерна Македонија. Уште од средношколските денови организирал заедно со другарите акции за чистење на Водно познати како ,,Hike and Clean”. Дипломирал на колеџот при Универзитетот во Утрехт, Холандија на Општествени науки (Liberal arts and sciences). Магистирал на Универзитетот во Констанц, Германија, на Политички науки и јавна администрација, на тема ИПАРД програми во овчарството во Македонија.

Како активист на Црвена Младина активно беше вклучен во предлагање на политики за млади, како на локално така и на централно ниво. Дополнително, неговиот ангажман како координатор на Левица – Зелен сектор се одразуваше и во работата на Собранието при донесувањето на политики за животната средина.

Неговиот активизам и институционално познавање во областа на младите и екологијата ќе се преточат во вистински и хумани политики на локално ниво.

Борбата за спас на нашите општини почнува со вклучување на младите во процесот на одлучување. Токму тоа го нуди Левица и за општина Центар.

Може да ве интересира