Мишовски: Време е сега да ја направиме Кисела Вода по наша мерка

Левица продолжува со директни средби со граѓаните. Вчера лидерот на партијата, Димитар Апасиев и кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Амар Мециновиќ, разговараа со жителите на Кисела Вода за реалните проблеми што со години остануваат нерешени. Граѓаните зборуваа отворено за урбанистичкиот хаос, пропаѓањето на инфраструктурата, недостатокот од јавни услуги и притисоците од партиските структури врз секојдневниот живот.

На крајот од средбата Ацевски и кандидатите за советници ги повикаа граѓаните да гласаат за број 6 на претстојните избори. „Сите заедно да кажеме, време е сега да ја направиме Кисела Вода по наша мерка, време е сега да ставиме ред во урбаниот хаос“, рече Мишовски.