Левица со директни средби со граѓаните: Апасиев и Мециновиќ во Кисела Вода и Карпош – граѓаните бараат искреност и промена

Партијата Левица продолжува со серијата директни средби со граѓаните, овој пат во општините Кисела Вода и Карпош, каде што лидерот на партијата, проф. д-р Димитар Апасиев, и кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Амар Мециновиќ, разговараа со жителите за реалните проблеми кои со години остануваат нерешени.

Граѓаните отворено зборуваа за урбанистичкиот хаос, пропаѓањето на инфраструктурата, недостатокот од јавни услуги, како и за секојдневните притисоци од партиските структури, кои создаваат чувство на беспомошност и неправда.

Во Карпош, кандидатот за градоначалник Антонио Димитров и носителот на советничката листа Славко Митевски истакнаа дека е неопходно општината да се врати во рацете на граѓаните и конечно да се стави крај на натамошното бетонирање и уништување на јавниот простор.

Во Кисела Вода, кандидатот за градоначалник Јане Ацевски и носителот на листата Дончо Мишовски нагласија дека општината има потреба од вистинска стратегија за развој без корупција, клиентелизам и политички диктати.

Од Левица порачуваат дека и во двете општини граѓаните ја препознаваат партијата како сила која не должи ништо на тајкуни и бизнис-структури, туку исклучиво на народот.

Може да ве интересира