На 13 октомври 2025 година, во Скопје пристигна новоименуваната амбасадорка на Народна Република Кина во Република Македонија, Нејзината Екселенција Џијанг Сјаојан (Jiang Xiaoyan).
Амбасадорката Сјаојан ќе ја преземе својата должност во амбасадата на Кина во Скопје, со што официјално започнува нејзиниот мандат како претставник на кинеската влада во нашата земја.
Нејзиното доаѓање се очекува да придонесе за понатамошно продлабочување на пријателските односи и соработката меѓу Кина и Македонија во областа на економијата, културата, образованието и инвестициите.
Новата амбасадорка дополнително ќе придонесе за јакнење на билатералните врски и зајакнување на традиционалното пријателство меѓу двата народа.

