Во рамките на кампањата за локалните избори, кандидатката за градоначалничка на Струга од Левица, Јована Мојсоска, оствари средба со жителите на селото Октиси, каде беше пречекана со искрена поддршка и топол прием.
Мојсоска истакна дека, и покрај медиумската цензура и блокадата на телевизиите, Левица секојдневно ја добива довербата на сè поголем број граѓани, кои во неа ја препознаваат вистинската алтернатива на досегашните политички елити.
„Иако сме цензурирани, позитивниот прием кај народот зборува сам за себе. Растот и бескомпромисноста на Левица се сè повеќе препознатливи. Она што особено ме радува е што по овие избори, Левица за прв пат ќе има свои советници во Струга, кои доследно ќе се борат за приоритетите на сите жители, без партиски диктати и интереси,“ изјави Мојсоска.
„Третата опција не само што е нужна – третата опција е можна,“ порача Мојсоска, испраќајќи јасна порака дека во Струга конечно се создава простор за нова, чиста и принципиелна политика.

