Носителот на советничката листа на Левица во Кичево, Бојан Мишкоски, со емотивна и директна порака до граѓаните го опиша реалното лице на градот кој, како што вели, се соочува со масовно иселување, корупција и уништување на потенцијалот на младите.
„Дали ова е Кичево во кое што јас сакам да живеам? – Не!“, порача Мишкоски, додавајќи дека секојдневно се повеќе луѓе размислуваат да ја напуштат својата татковина, што не само што не е решение – туку е и коренот на проблемот.
Веќе и не познавам човек кој не размислува да замине од тука. Но, додека младите, интелектуалците, творците, мозокот и силата на Кичево си заминуваат, градот се разграбува, се уништува и се осиромашува, предупреди тој.
Мишкоски потенцира дека Левица нуди конкретна, искрена и реална програма која не се базира на празни ветувања, туку на дела што ќе го вратат достоинството на кичевчани.
Сега имате програма со конкретни и искрени цели. Сега имате цели за кои вреди да се борите. Сега имате вистински избор. Пред вас стојат чесни и искрени луѓе кои ја бараат вашата поддршка – не за себе, туку за вас и за Кичево, нагласи Мишкоски.
Со силен повик до сите граѓани, тој порача: „Излези и гласај за промената што ја заслужуваш! Гласај за луѓе што ќе работат со срце, со чесност и со љубов кон Кичево.“
Следи го Антропол преку Google 
