Криминални структури на ДПМНЕ со закани кон кандидатка за советничка на Левица – самохрана мајка на три деца од кои едното со посебни потреби

Во очајнички обид да го задржат политичкиот монопол во Прилеп, криминални структури поврзани со владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ упатуваат закани и притисоци кон кандидатка за советничка од Левица, која е самохрана мајка на три деца, од кои едното е со посебни потреби.

Според информациите што стигнаа до јавноста, припадници на локалните мафијашки кругови блиски до локалната власт на ДПМНЕ ја заплашуваат кандидатката, со пораки на вратата од нејзиниот дом, со цел да ја натераат да се повлече од изборната трка. Ова е уште еден доказ за методите на политички терор со кои функционира режимот на ДПМНЕ во Прилеп и во целата држава, преку страв, притисоци и деградација на достоинството на луѓето.

Овој инцидент ја разголува мрачната страна на режимот на ДПМНЕ, каде политичката контрола се одржува преку заплашување на обични луѓе кои имаат храброст да се спротивстават на нивниот криминален систем.