Во рамки на изборните активности, лидерот на Левица, проф. д-р Димитар Апасиев, заедно со кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Амар Мециновиќ, продолжија со теренските средби во Куманово и Старо Нагоричане – таму каде што, како што велат, „се слуша гласот на народот, а не диктатите на кабинетските елити“.
На средбите со граѓаните и активистите беше испратена јасна порака дека Левица останува доследна на својата мисија – враќање на вистинската народна политика и отстранување на корумпираните локални феудалци кои со децении ја држат власта во рацете на партиските врхушки.
Поддршката за Левица во североисточниот регион континуирано расте. Во Старо Нагоричане, каде што кандидат за градоначалник е Андреј Димитријевски кој е најмладиот кандидат во државата, со сериозна визија за развој, а Иван Зарев е носител на советничката листа, жителите порачаа дека е време општината да добие чесна и отчетна локална власт која ќе работи за луѓето, а не за партиски интереси.
Во Куманово, кандидатот за градоначалник Мирослав Петковиќ и носителот на советничката листа Виторио Зафировски добија масовна поддршка од граѓаните, кои, како што истакнаа, се изморени од триесетгодишниот политички монопол и бараат вистинска промена, ред, развој и функционални институции.
Од Куманово беше испратена и силна антифашистичка порака – дека Македонија секогаш била и ќе остане на страната на слободата и отпорот против секоја форма на политичко, економско или национално поробување.
„Левица влегува во овие избори со јасен став – локалната власт мора да биде народна служба, а не приватен бизнис на партиски шефови и шуробаџанаштина,“ порачаа од партијата.

