Денес, кандидатот за градоначалник на Општина Аеродром, Марјан Димитриев, заедно со активистите на Левица, оствари средба со жителите на пазарчето зад ТЦ Бисер.
На средбата се дискутираа критичните проблеми со кои се соочува општината: загадување, нефункционално комунално претпријатие, узурпирани јавни површини и партиски тендери кои го блокираат развојот на локалната самоуправа.
Жителите побараа правда, ред и чесно управување, а Димитриев истакна дека само Левица може да ги испорача овие ветувања преку своите советници и локален тим.
Во контекст на историското значење на 11 Октомври, денот кога во Прилеп и Куманово пукнала првата пушка за слобода против окупаторот, Левица ја поврза со сегашната политичка борба: борбата сега е против современите окупатори на јавниот интерес – криминалот, корупцијата и лоповлукот.
– „До победа за ослободување на Аеродром и Скопје од криминалот и корупцијата!“, порачаа од Левица.
Партијата најави дека активностите ќе продолжат и во наредниот период, со цел директен контакт со граѓаните и промоција на програмата за локални избори.

