Претседателот на Левица, проф. д-р Димитар Апасиев, вчера ја посети Битола како дел од теренските активности на партијата. Посетата е дел од континуираниот напор на Левица да биде присутна кај граѓаните и да ги слуша нивните реални потреби.
Во Битола расте поддршката за вистинска алтернатива во локалната политика, која не се плаши да зборува за правда, одговорност и враќање на чесноста во политиката.
Носител на советничката листа на Левица во Битола е Горан Велевски, а партијата ја потврди и својата поддршка за независниот кандидат за градоначалник, Зоран Николовски.
Од посетата произлезе пораката дека граѓаните се будат и се ослободуваат од стравот, а политиката конечно се враќа кај оние на кои навистина им припаѓа – кај народот. Левица останува на терен, во директен контакт со луѓето, со целосна ориентација кон реалните потреби на Битола и подобрување на локалната управa.

