Во рамки на теренските активности, партијата Левица продолжи со средбите со граѓаните во јужниот дел од земјата. Вчера беа посетени Кавадарци и Росоман, каде што присуствуваа лидерот на Левица, проф. д-р Димитар Апасиев, и пратеникот м-р Сашко Јанчев.
И покрај, како што велат од партијата, континуираните обиди за цензура од страна на власта, интересот и довербата на народот не можат да се сокријат – граѓаните испратиле силна порака дека сакаат промена која доаѓа од нив, а не од партиските елити.
Средби исполнети со непосредна комуникација и искрен интерес од жителите на Кавадарци и Росоман да слушнат вистинска политичка понуда која не се темели на празни ветувања и партиски вработувања, туку на принципи, отчетност и работа во интерес на луѓето.
На граѓаните им беа претставени и носителите на советничките листи – Круме Богевски во Кавадарци и Влатко Трајков во Росоман, кои имаат силна локална поддршка и се препознаени како чесни и упорни луѓе што се подготвени да ги бранат интересите на своите сограѓани.
Од партијата порачуваат дека и овие средби потврдиле тренд кој се гледа низ целата држава – Левица расте затоа што останува блиску до народот и го слуша неговиот глас.
„Теренот покажува нешто што власта со наредбата за цензура се труди да го сокрие – сè повеќе граѓани ни се приклучуваат. Времето на старите партии завршува, а новата страница на политиката ја пишува народот заедно со Левица“, стои во нивното соопштение.
Следи го Антропол преку Google 
