(Видео) Тренчевски: „Младите се нашата иднина – време е Гази Баба да им даде шанса“

Кандидатот за градоначалник на Општина Гази Баба од редовите на Левица, Златко Тренчевски, во интервју за Прва Скопска ТВ зборуваше за приоритетите на неговата програма насочени кон младите, спортот и образованието.

Тренчевски истакна дека младите не смеат да бидат заборавени и дека локалната самоуправа мора да вложува во нивниот развој и потенцијал. „Ние не ги заборавивме младите – тие се нашата иднина,“ порача тој.

Во своето обраќање ги најави и клучните мерки кои Левица ќе ги реализира во Гази Баба доколку добие доверба од граѓаните:

  • Поддршка за локалните спортски клубови;
  • Поттикнување на спортските активности меѓу младите;
  • Организирање на спортски натпревари и летни кампови;
  • Финансиска помош за студенти од социјално ранливи семејства при плаќање на партиципација;
  • Стипендии за талентирани ученици;
  • Поддршка за младите кои сакаат да започнат сопствен бизнис.

Тренчевски нагласи дека ваквите политики имаат за цел да го спречат иселувањето и да создадат општина која нуди можности и мотивација за секој млад човек.
„Време е Гази Баба да стане општина која ќе ги задржи младите, а не да ги брка,“ заклучи кандидатот на Левица.