Јулија Мациев, мајка на починатата Андријана Мациев, во видео ја раскажа болната голгота низ која поминала нејзината ќерка на Онколошката клиника во Скопје. Таа објасни дека Андријана била подложена на интензивни медицински процедури, вклучително и пунктирање на стомакот со отстранување на големи количини течност, што предизвикало силни болки и сериозно влошување на здравствената состојба.
Според сведочењето на мајката, лекарите не ја информирале навремено за сериозноста на состојбата. Кога Андријана била прегледана од друг специјалист, било утврдено дека црниот дроб е значително оштетен и дека се развиле вештачки метастази, предизвикани од неадекватната терапија. Мајката посочува дека на нејзината ќерка не ѝ било обезбедено соодветно лекување и дека лекарите од Клиниката не преземале одговорност за сериозноста на ситуацијата.

