Крмов и Ацков со велешани – Чесноста и борбата против корупцијата ќе бидат наш заштитен знак

Денес, во рамки на теренската активност на членовите од Локалниот огранок на Левица во Велес, присутен беше и пратеникот од ИЕ3, Борислав Крмов.
Заедно со носителот на листа, Димче Ацков, и останатите кандидати за советници, остварија другарска средба со граѓаните, на која велешани имаа можност отворено да разговараат со пратеникот и кандидатите за програмата, нивните идеи и очекувањата од претстојните избори.

Левица секојдневно расте и станува сериозна сила во македонската политика. Советниците ќе имаат огромен предизвик во борбата за праведна и транспарентна општинска власт, која ќе ги застапува интересите на граѓаните, а не на партиските елити.

„Со упорност, чесност и бескомпромисна борба против корупцијата, Левица ја враќа надежта кај луѓето дека политиката може да биде во служба на народот.
Велес, како и цела Македонија, заслужува промена која ќе ја предводат млади, енергични и непоткупливи луѓе – луѓе што нема да калкулираат со своите ветувања.

Левица не ветува невозможни чуда, туку реални и остварливи решенија, кои ќе донесат подобар живот за секој граѓанин. Овие избори се шанса за граѓаните на Велес да покажат дека сакаат вистинска алтернатива, а не повеќе од истото.“ изјавија од велешкиот огранок на Левица.