Пратеникот на Левица, Борислав Крмов, на собир во Велес зборуваше за цензурата со медиумско рекламирање што ѝ се прави на Левица.
Граѓаните треба да знаат дека ова е политичка цензура. Авторитарните режими прво удираат на својот најголем непријател, а тоа очигледно е Левица. Ако СДСМ беше најголем противник на ДПМНЕ, ваква забрана ќе им се случеше ним. Како може триесет години тоа да не се случи никому, а денес се случува токму на Левица? – праша тој.
Крмов предупреди дека ваквите процеси не застануваат само на партиите.
Ова се, за жал, профашистички тенденции на власта. Прво ќе тргнат со политичките партии што им пречат, а потоа тоа ќе се префрли и кај граѓаните – со цензура, апсења и репресија. Затоа ова мора веднаш да се спречи – рече тој.

