Денеска Инфомакс објави видео, каде што се гледа како во Државниот архив на Република Македонија од дождот кој го зафати Скопје последниве денови, пропаднал таванот и вода тече во просториите на архивот.
Поради оваа ситуација и негрижата од страна на институциите, во Државниот архив се поплавени илјадници документи од големо значање на нашата држава.
Просториите во институцијата се поплавени, а со нив и сите документи кои се таму.

