Мециновиќ и Димитриев со граѓаните на Аеродром: „Нашата сила е во народот“

Пред Капитол Мол вечерва се одржа средба на кандидатите на политичката партија Левица со жителите на Општина Аеродром. На настанот присуствуваа Амар Мециновиќ, кандидат за градоначалник на Град Скопје, Марјан Димитриев, кандидат за градоначалник на Општина Аеродром, како и кандидатите за советници на Град Скопје и Општина Аеродром.

Присутните граѓани имаа можност директно да поразговараат со кандидатите, да ги изнесат своите проблеми, предлози и идеи за подобрување на животот во општината и градот.

„На терен сме, лице в лице со народот – ја слушаме секоја мака и секој предлог. Нашата сила е токму во народот, а нашата визија е чиста, праведна и современа општина и град по мерка на жителите,“ порачаа од Левица.

Од партијата нагласија дека Левица ќе го врати Скопје и Аеродром во рацете на народот, преку транспарентно и одговорно управување во интерес на граѓаните.