Жителите на Извор алармираат: Каменолом со динамит на 300 метри од Липковската брана – Регионална катастрофа на повидок

Жителите на селото Извор, Општина Липково, излегоа со јавно известување во кое предупредуваат на сериозна опасност за безбедноста на регионот. Според нив, фирма започнала со нелегални активности за отворање каменолом на само 300 метри од Липковската брана, што може да предизвика катастрофални последици.

Во продолжение го пренесуваме соопштението во целост:

Почитувани граѓани,

Советот на селото Извор, Липково, сака јавно да ве информира дека за случајот со нелегалните активности на фирмата која започна со отворање на патишта и уништување на планинскиот предел во атарот на нашето село, веќе се преземени сериозни чекори и се известени надлежните институции.

Известени се следниве институции и организации:


Министерство за внатрешни работи (МВР)
Претседателот на Владата на РСМ, г-дин Кристијан Мицковски
Релевантните министерства на РСМ, одговорни за заштита на животната средина, земјоделство и локален развој, странските амбасади во РСМ, кои ја поддржуваат заштитата на природата и локалните заедници.

На сите институции им се доставени и потписите од петицијата на жителите на селото Извор, со кои категорично се спротивставуваме на отворањето на каменоломот и бараме целосно запирање на овие активности.

Особено важно е да се потенцира дека овие активности сериозно ја загрозуваат браната на Ликово, која се наоѓа во близина. Доколку се отвори каменолом и се изведуваат минирања, постои реална опасност од оштетување на ѕидот на браната, што би имало катастрофални последици за целиот регион.

Исто така, се загрозува природата и пределот на соседното село Думанoц, кое директно ќе биде погодено од уништување на шумите, ерозија, прашина и нарушување на еко-системот.

Нашиот став е јасен и недвосмислен:
Нема да дозволиме уништување на природата на Извор, Думанoвце и регионот на Ликово за профит на поединци!

Ги повикуваме сите граѓани, организации и институции да застанат заедно со нас во одбрана на природата, водните ресурси и безбедноста на населението.

Жителите на Извор најавуваат дека нема да запрат со притисокот додека целосно не се стопираат активностите за отворање на каменоломот, нагласувајќи дека се работи за прашање на животна средина, водни ресурси и безбедност на населението.

Може да ве интересира