(Видео) Димитров: Карпош мора да добие холистички пристап во решавање на проблемите

Кандидатот за градоначалник на Општина Карпош од Левица, Антонио Димитров, истакна дека општината мора да добие холистички пристап во развојот, со фокус на одржлив транспорт и инфраструктура.

„Не може да се игнорира велосипедската инфраструктура, ниту јавниот превоз“, порача Димитров, нагласувајќи дека во програмата на Левица е предвидено формирање јавно претпријатие за транспорт. Според планот, тоа претпријатие би оперирало со минибуси кои ќе сообраќаат низ Карпош, особено по оската север-југ.

Како дел од решенијата за паркирањето, Димитров посочи дека монтажните гаражи се добра практика и веќе покажале резултати во Капиштец, на улицата Народен фронт. Дополнително, потенцира дека дел од проблемот може да се реши и со расчистување на постоечките подземни гаражи, кои моментално се користат како магацини или депонии под зградите.