ССМ: Денес вработените од ДООЕЛ Флораком и ДООЕЛ Луна повторно на протест

И денес 03.10.2025 годинаДООЕЛ Флораком Скопје и ДООЕЛ Луна Скопје и СУТКОЗ како единствен репрезентативен синдикат за комунални дејности повтпрно протестираа поради сеуште неосплатената плата за месец Август и немањето на слух за надминување на проблемот од страна на менаџментот на ЈП Паркови и зеленило Скопје како основач на овие две фирми.

Денес врботените од Флораком и Луна повторно го блокирајќи бул. Илинден во Скопје.

Доколку и денес не им се исплати августовската плата поради што вработените останаа и без здравствено осигурување, протестот на вработените од Флораком и Луна ќе продожи со блокада на бул. Илинден во период од 10 до 12 часот се до исплата на платата за месец август.

Вработените размислуваат и за радикализација на протестот со блоќирање на повеќе улици и булевари во град Скопје започнувајќи од понеделник 06.10.2025 година.

Благодарност до вработените од ЈП Паркови и зеленило Скопје кои денес искажаа солидарност и се приклучија на протестот на своите колеги од Флораком и Луна.

Се извинуваме на граѓаните на град Скопје за предузвикувањето на дополнителен хаос во сообраќајот и бараме разбирање бидејќи вработените од Флораком и Луна се борат за своето основно човечко и работнично право а тоа правото на плата.

Може да ве интересира