Левица единствен македонски политички блок во Тетово и Гостивар – Граѓаните очекуваат промени

Левица ги одржа своите први средби со граѓаните во Тетово и Гостивар, на кои присуствуваше и претседателот на партијата, Димитар Апасиев. Кандидатите за градоначалници и носителите на советничките листи настапија со порака дека борбата за овие градови е неопходна, бидејќи жителите заслужуваат чесна и транспарентна власт која ќе работи за нивните реални потреби.

Во Гостивар, кандидатот за градоначалник Дарко Грујоски ја истакна потребата од решавање на инфраструктурните проблеми, предупредувајќи притоа на алармантното иселување од градот.

Во Тетово, кандидатката Катка Божиновска порача дека не може повеќе молчеливо да се набљудува како градот се празни и уништува „под тежината на корупцијата“.

„Левица настапува со јасна порака во Гостивар и Тетово, дека борбата за овие градови е вредна и неопходна, бидејќи граѓаните заслужуваат чесна и транспарентна власт која ќе работи за нивните реални потреби“, се вели во партиската порака.

Од партијата нагласуваат дека остануваат блиску до луѓето, на улиците и во маалата, таму каде што, како што велат, се слуша вистинскиот глас на општината.

Може да ве интересира